Ако детето постојано се жали дека му е здодевно или не се одвојува од комјутер или телевизор, родителот треба да го ангажира со креативни игри, со кои тоа ќе се забавува и ќе размислува.
Детето нека собере шишарки во локалниот парк или шумата и од нив нека направи декоративни аранжмани: елки, чинии, тело на елен и був, а од хартија рогови, крилја, нозе
Девојчињата можат да се забавуваат така што со копчиња, траки, тантела и други дребулии да ги украсат своите капи и шалови.
Сите непотребни кутии со различни големини дајте им ги на децата, кои ќе се натпреваруваат кој ќе направи највисока и најстабилна кула. Или пак нека направат пирамида од карти.
Децата нека земат сламка и преку неа нека дуваат мали волнени топчиња, а целта е да ги истуркаат до голот направен од ролна тоалетна хартија.
Децата нека направат храна за птиците. Нека направат ѕвезда со голема дупка од шпер плоча, да се намачка со мед и да се посипе со зрна, а потоа да се постави на дрво.