Британското кралско семејство соопшти денеска дека ќе поднесе тужба против францускиот магазин кој објави фотографија на принцезата Кејт во топлес.
Од кралската резиденција соопштено е дека принцот и принцезата денеска одлучиле во Франција да поднесат правна постапка поради нарушена приватност.
Фотографијата на сопругата на принцот Вилијам објавена е денеска во француското издание на магазинот Клосер (Closer), кој тврди дека не ја нарушил нивната приватност.
Бакингемската палата ја потврди автентичноста на фотрографијата и порача дека двојката е „згрозена и бесна“ поради нвината појава во јавноста.
Францускиот магазин, кој го следи животот на славните личности, објави фотографии на принцезата Кејт во топлес, снимени на почетокот на ноември додека таа и принцот биле на одмор во Либрон, јужна Франција.