Кралицата Елизабета го прослави 91. роденден

Од:

Кралицата Елизабета Втора денеска го прослави 91. роденден со манифестацијата „Поздрав на боите“, традиционална церемонија на британската војска и војската на Комонвелтот, која датира од 17. век.

Денот и покрај вообичаено убавото расположение, почна со едноминутно молчење за жртвите во пожарот во Лондон.

Петмина припадници на гардата паднаа во бесознание поради жештината на парадата, изјави портпаролката на копнените сили на војската.

– Можам да потврдам дека за време на парадата за роденденот на кралицата неколку војници паднаа во бесознание, посочи портпаролката, која додаде дека денот бил исклучително топол.

Таа нагласи дека на војниците итно им е донесена вода и им е укажана соодветна медицинска помош.

Елизабета Втора на 91 година продолжи да ги извршува своите должности, но изминатите години ги ограничи многубројните ангажмани.

Таа е родена на 21 април. Од 1974 година нејзиниот роденден официјално се празнува од 11 до 17 јуни, а причината за поместување на прославата е времето, бидејќи во април може да се случи да врне дожд.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП