Европската агенција за регулаторни тела со мнозинство гласови одби Косово да биде примено во Европската радиодифузна унија (ЕБУ) а со тоа да се овозможи да учествува на Евровизија.
Членовите на ЕБУ ги прифатиле аргументите на РТС со 673 гласа дека се работи за политички потег и преседан и дека радиодифузната унија мора да остане професионална, а не политичка организација.
Миливој Михајловиќ, помошник директорот на РТС изјави дека процесот за прием на Косово траел една година, а бил инициран од јавните сервиси на Македонија, Хрватска, Црна Гора, Унгарија и Словенија.
Унгарија пред денешното гласање го повлекла својот потпис од барањето.