Корисни совети со кои ќе го мотивирате вашето дете

Од:

Децата по природа се љубопитни и како што се развиваат потребен им е некој, кој е расположен за одговарање на нивните прашања, некој кој ќе ги мотивира и инспирира. Следуваат шест начини за тоа како да го мотивирате вашето дете.

Наградување

Иако наградите се најчеста форма на мотивација за која родителите се одлучуваат, истражувањата покажаа дека тие имаат кус рок. Наградите можат да ги мотивираат луѓето да работат одредена работа, но само до една граница. Работата престанува да има своја цел и детето се што работи ќе го работи за награда, а не за искуства и знаења кои ќе ги стекне.

Разговор

Во разговорот со детето би требало да ги одбегнувате зборовите како „треба“ и „мора“, затоа што за децата секоја обврска треба да претставува задоволство. За да се избегнат судири најдобро е кон детето да се пристапи со емпатија кон проблемот и да му понудите на детето помош. Тоа така ќе чувствува дека сте на иста страна и се обидувате да му помогнете.

Прифатетете ги своите и маните на детето

Да се очекува од детето совршенство секогаш доведува до судири, оддалечување на детето од родителот и разочарување. Децата уште од мали нозе сакат да помагаат во секојдневните активности. Не очекувајте од тригодишно дете да ги нареди чорапите еднакво како и вие, но пофалете го за трудот и заблагодарете му се на помошта.

Препознајте ги навиките на детето

Не обидувајте се на детето да му всадите навики кои вас ви одговараат, туку обидетете се од однесувањето на детето да откриете што повеќе сака и во што е најдобро. Вашата желба детето да научи да свири на некој инструмент ќе биде целосно бескорисно токолу детето за тоа не е заинтересирано. Наместо тоа обрнете внимание при секојдневните игри и дружења и ќе приметите кои се афинетите на вашето дете. Можеби е родено за спортување, странски јазици или глума, тоа само треба да го препознаете.

Изразете ги чувствата

Во друштво на детето секогаш изразувајте ги своите чувства. Дали се работи за благодарност, љубов или нешто што ве мачи, поделете го тоа со него. Многу често децата се најдобри забавувачи и способни да ги избркаат тажните мисли. Освен тоа вие ќе се чувствувате подобро, детето ќе има пример од кој ќе научи дека искажувањето на чувствата е потребно.

Бидете пример

Пред да му поставите на детето безброј правила, кон кои би требало да се придржува, имајте на ум дека секое дете примерот го бара во своите родители. Доколку ни самите не се придржувате кон правилата кои ги барате од детето, не очекувајте дека детето ќе ги следи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска