Копривата ја прочистува крвта

Од:

Листовите од младата коприва изобилуваат со витамините Ц, А, К и Б2, каротен и со пантотенска киселина, калциум, фосфор и со железо, едноставно во нив се крие вистински провитамински концентрат.

Копривата ја прочистува крвта и помага во ослободувањето на токсините од организмот. Научно е докажано дека копривата го намалува нивото на шеќер во крвта, па затоа им се препорачува на лицата со шеќерна болест (дијабетес). Влијае поволно и на расположението и ја намалува потиштеноста.

Докажано е делувањето на копривата во запирањето на крвавењето, па често се користи при обилни менструации, крвавење од матката, при крв во урината и слични состојби.

Копривата може да биде корисен додаток во исхраната за намалување на високиот крвен притисок, бидејќи една шолја чај од коприва содржи 4 милиграми натриум. Ниските нивоа на натриум во исхраната можат да го намалат крвниот притисок, а лицата кои имаат висок крвен притисок (хипертензија) не треба да земаат повеќе од 1.500 милиграми натриум дневно.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска