Копривата е поздрава од спанаќот

Од:

Нутриционистите во своите истражувања докажале дека копривата е многу поздрава од спанаќот или кој било лиснат зеленчук.

Содржи значително количество на хлорофил, минерални соли (калциум, калиум, фосфор, железо) витамин Ц и провитамин А. Покрај тоа, таа е богата со многу флавоноиди, тритерпенес, стероли и други состојки кои ќе имаат позитивен ефект врз нашите тела.

Копривата е најдобро природно средство за чистење на крвта. Таа е природен лек и за болестите на мочните патишта, како што се: воспаленијата, камењата и песокот, па дури може превентивно да делува и на создавањето на каменчиња во бубрегот и мочните патишта. За стимулирање на уринирањето, дневно се пијат 3 до 4 шолји свеж чај од коприва.

Често се применува при терапиите кај лица со анемија (слабокрвност), зашто е позната по тоа дека влијае на формирањето на нови црвени крвни зрнца. Одлична е за детоксификација на организмот, за отстранување на целулитот, а коренот од копривата е одличен за третманите против опаѓање на косата. Затоа, внесете ја копривата во вашето мени, во облик на чорба, пити со коприва, чај од коприва и сл.

Копривата е лек за прочистување на крвта, против опаѓање на косата, ревматизам, треска, прекумерно мокрење. туберколоза, бронхит, заболувања на зглобовите, камен во бубрегот, за зараснување на рани, против зрачење, чир во желудникот, несоница и нервоза. Чајот од целата билка ја отстранува слузта од белите дробови, ги чисти желудникот, црниот дроб и цревата, а наедно е инзвонреден лек за лекување анемија, жолтица, маларија и сите други грозници, и тоа најмногу преку урината ги исфрла лошите сокови од телото.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска