По повод 25 години од првиот концерт на „Фолтин“ и промоцијата на најновото студиско издание „Симултан бакнеж“ предвидени се три концерти. Првиот концерт ќе се одржи вечер, во 21 часот, на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
„Фолтин“ в чеврток, на 29 јули 2021 година ќе одржи концерт во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. На 31 јули 2021 годијна, „Фолтин“ ќе има концерт во амфитеатарот во Велес.
Од „Фолтин“ најавуваат дека ќе се свират најновите и најубавите стари песни.
Концертите се финансиски поддржани од Министерство за култура и се во соработка со Центрите за култура од наведените градови и Општина Велес.
Почетокот на концертите е во 21 часот, а влезот е бесплатен.