Концерт на Симон Трпчески во Кочани

Од:

Во рамки на концертната турнеја низ Македонија, пијанистот Симон Трпчески вечер ќе настапи во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.  На концертната програма се дела од Шуберт, Гуно, Доницети, Моцарт, Григ, Пучини, Росини, Шахов, Зографски, Лековски….

Како што информира Здружението КултурОп, концертот во Кочани е со хуманитарен предзнак  и е резултат на извонредниот прием од домашната јавност и публиката во градовите во кои се одржаа првите пет циклуси (Гевгелија, Струмица, Прилеп; Штип, Куманово, Тетово; Гостивар, Битола, Струга; Валандово, Кавадарци, Охрид и Велес; Кичево).

Партнер на проектот е Министерството за култура, а поддржувач е Општина Кочани.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ