Центарот за пелиминарни истражувања од Сан Диего објавило резултати од истражувањата кои покажуваат дека користењето компир во исхраната не е поврзано со развојот на дебелината, дијабетесот тип 2 или покаченото ниво на реактивниот протеин Ц кој укажува на системски воспалувања.
Тие сознанија се правилни, под услов останатите фактори, како годините, полот, расата или нивото на образование да се земени во предвид и контролирани. Имено, претходните истражувања го занемарувале влијанието на демографските фактори кои многу влијаеле, па дури и ги збунувале истражувачите.
Тие го испитале и анализирале дневното внесување храна на 5800 возрасни луѓе во два временски периоди. Откако што ги земале во предвид демографските варијабли, истражувачите не нашли никаква врска помеѓу конзумирањето компир и дебелината, дијабетесот или покаченото ниво на реактивниот протеин Ц.