Компанијата Круз најави нов автомобил без волан

Од:

Американската компанија Круз објави дека, во соработка со својот мнозински сопственик – корпорацијата Џенерал моторс, ќе побара одобрение од надлежните институции за производство на ограничен број возила без волан и контролни педали.

Револуционерно возило без возач на Круз, наречено Ориџин, кое беше прикажано пред јавноста во јануари, нема ни волан, ниту педали, туку само две широки седишта, свртени еден кон друг, за четворица патници. Џенерал моторс планира да почне со производство на ограничен број вакви возила кон крајот на 2021 година или почетокот на 2022 година.

Во исто време, оттаму најавија дека ќе го повлечат своето барање за изземање поднесено до Министерството за сообраќај во јануари 2018 година, коешто се однесува на пуштање во употреба на слични возила конструирани во рамките на проектот Платформа Шевролет Болт.

Потпретседателот на Круз, Роберт Грант изјави дека сообраќајната полиција во Калифорнија минатата недела дала „зелено светло“ за пробни возења во Сан Франциско без возач.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on