Пиштолот на британскиот морепловец и истражувач Џејмс Кук е продаден на аукција во Сиднеј за 219.600 австралијски долари (227.000 долари).
Пиштолот од месинг, Континентал Флинтлок, произведен на почетокот на 18-от век во Холаднија, е еден од ретките лични предмети на славниот истражувач. Аукциската куќа „Leski Auctions“ наведува дека пиштолот бил во сопственост на семејството на Кук, 200 години.