Колку солариумите ги исполнуваат стандардите?

Од:

Седум од десет солариуми не ги поминале безбедносните тестови, а нивото на нивното УВ зрачење е трипати поголемо од дозволената граница, што ги изложува корисниците на поголем ризик од рак.

Законската граница на зрачењето во солариумите е 0,3 вати на метар квадратен, што одговара на јачината на сончевите зраци во летно попладне во Шпанија.

Седум од 10 солариуми кои ги тестирале инспектори во Велика Британија покажале опасно високо ниво на УВ зрачење, што предизвикало построги прописи во индустријата.

Од 448 солариуми тестирани во изминатите две години, дури 310 не ги исполниле безбедносните стандарди.

Истражувањето на Универзитетот Данди покажа дека некои солариуми емитуваат УВ зрачење шестпати посилно од летното сонце во Шпанија, а минатата година експертите од Меѓународниот институт за превентивни истражувања и Европскиот институт за онкологија утврдиле дека ракот на кожа (меланом) може директно да се поврзе со користењето на солариуми, кои се одговорни за речиси 900 смртни случаи во Европа годишно.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска