Колку пелени троши едно бебе?

Од:

Во првите месеци од животот на бебето може да ви изгледа дека не правите ништо друго, освен што го храните и пресоблекувате.

Експертите велат дека во текот на првите месеци од животот на бебето новороденчето троши од десет од 12 пелени дневно. Конкретно бебињата во просек вршат голема нужда од три до четири пати на ден, а мала околу седум пати дневно. Изгледа многу, но честото пресоблекување е добро за здравјето на бебето.

По еден месец таа бројка незначително ќе се намали. Генерално се смета дека минимумот е шест пелени дневно, а се помалку од тоа веројатно е знак дека новороденчето не добива доволно хранливи материи преку храната, што е знак за загриженост и педијатар

Со текот на времето, бројката сепак ќе се промени, особено кога бебето почнува со цврста храна. Тогаш и столицата може да варира. Некаде до вториот роденден околу 22 отсто од децата се одвикнуват од пелени, а речиси на сите тоа ќе им успее пред третиот роденден.

Пресметката е едноставна: во просек десет пелени дневно помножено со 365 дена во годината е еднакво на до 3.650 пелени во текот на првата година. Да претпоставиме дека детето ќе се одвикне од пелените до вториот роденден и доаѓаме до бројка од дури 7.300 пелени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска