Речиси не постои човек кој дневно не испива барем една шолја кафе. Едно истражување спроведено во Северна Америка покажало дека 98 отсто од луѓето консумираат кофеин секој ден.
Овој природен стимуланс се појавува во разни облици и големини, вклучувајќи кафе, чај, газирани пијалаци, чоколадa и енергетски пијалаци.
Стручњаците тврдат дека умерена доза изнесува околу 200 мг или две шолји силно кафе. Кај луѓето кои редовно пијат кафе. Во таа количина може да ја зголеми будноста, да помогне против главоболка, а се покажало дека дури може да помогне и за спречување на Алцхајмерова болест и на некои други заболувања.
Сепак, доколку консумирате над 500 мг секој ден, може да доведе до зависност, чувство на тегоба и раздразнетост.