На почетокот сите мајки им менуваат пелени на своите бебиња на секои три часа, па дури и почесто. Меѓутоа кога бебето ќе почне да ползи, да се движи и да си игра со играчки, ќе се случи да изврши голема нужда, а тоа да не ви го „пријави“.
Некои бебиња плачат непосредно пред да ја наполнат пелената, додека има и такви кои и по извршувањето на нуждата упорно ќе молчат. Доколку сте мајка на бебе од оваа втората категорија, можеби понекогаш ќе го пуштите да се движи со полни пелени.
Дали тоа е во ред?
Изметот е полн со бактерии и мириса непријатно, па поради тоа пожелно е да го пресоблечете и измиете детето, веднаш откако ќе забележите дека ја наполнило пелената.
Меѓутоа што се однесува до мокрењето, работата е поинаква: урината исто така ја иритира нежната бебешка кожа, но бидејќи повеќето пелени имаат голема моќ на впивање, како и слој, кој ја штити бебешката кожа од урина, не морате да го пресоблекувате по секое мокрење.