Научно е докажано дека смеењето помага при здравјето. Дури и кога не сме расположени, насмевката може да ве направи опуштено и среќно, дури и кога е лажна.
Насмевката е добра во борба против стересот, а воедно и спречува појави на разни болесни. Но, изненадува податокот дека луѓето во просек се смеет малку, дури помалку од десет пати дневно.
Како што пренесува „ Women’s Fitness“ лицата просечно се смеат само седум пати дневно, а барем една насмевка е лажно упатена на минувач, шеф или сосед.
Победете ги статистиките и смејте се што почесто, биде среќни и опуштени, а воедно така ќе изгледате привлечно и забавно.
Елена Георгиевска