„Кока-кола“ ќе произведува алкохолен пијалак во Јапонија

Од:

Компанијата „Кока-кола“ првпат во своето 130-годишно постоење ќе почне со производство на алкохолен пијалак, објави „Бизнис инсајдер“.

Во моментот компанијата експериментира со производство на популарниот јапонски вид на алкохол „чу-хи“, кој се состои од ароматизирана газирана вода измешана со локалниот алкохолен пијалак наречен шочу.

Директорот на „Кока-кола“ во Јапонија , Хорхе Гардуњо изјави дека се уште ја истражуваат можноста за производство на алкохолниот пијалак и дека „чу-хи“ е насоката кон која би се движеле.

„Чу-хи“ вообичаено содржи меѓу три и осум отсто алкохол и се смета за алтернатива на пивото, а е особено популарен кај жените.

– „Кока-кола“ секогаш била фокусирана на безалкохолните пијалаци, а овој потег е скромен експеримент за специфично подрачје од нашиот пазар, потенцира Гардуњо.

Засега не се знае кога ќе почне производството на овој пијалак, што ќе биде наменет само за јапонскиот пазар и најверојатно нема глобално да се шири.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови