Кој повеќе ги нервира жените – децата или сопругот?

Од:

Современата жена, која работи и по осум часа дневно, покрај тоа мора да биде и домаќинка, и мајка и сопруга, но и готвачка и што уште не, а сето тоа честопати е огромен стрес.

Многу жени велат на шега (или пак, можеби и не), дека го гледаат брачниот партнер како едно дете вишок, за кое мораат да се грижат, наместо да добијат помош и поддршка од него.

Во истражување на порталот „Тудеј“, 7.000 мајки го оцениле својот стрес со просечна оценка 8,5 од 10. Од нив, 46 отсто одговориле дека сопругот им причинува повеќе стрес отколку децата.

Три од четири мајки сметаат дека тие се одговорни за домашните и родителските обврски. А пак, една од пет мајки додава дека воопшто и не добива помош од партнерот.

Стресот влијае на здравјето на двајцата сопружници. Универзитетот од Падова неодамна објави истражување кое покажува дека ако сопругата го надживее сопругот, нејзината состојба потоа, честопати се подобрува.

Еден од начините за надминвање на стресот е поголема комуникација и заедничко планирање на дневните обврски. Така партнерите ќе бидат поорганизирани, а и меѓусебната доверба и поддршка се зацврснуваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска