Кој има повеќе секс, самците или луѓето во брак?

Од:

Неодамнешното истражување потврди дека падот на сексуалната активност е најголем токму кај луѓето во брак.

Истражувањето од 90-тите објавено во „Archives of Sexual Behaviour” покажа дека просечен пар има сексуални односи 60 до 62 пати годишно, но во 2014 година состојбата значително се влошила, па бројот паднал под 53.

Уште поголем пад е забележан кај венчаните парови, каде бројот паднал од 73 пати годишно во 90-тите години, на 55 пати во текот на 2014 година.

Од друга страна, резултатите од студијата од 2014 година, покажува дека слободните луѓе имаат повеќе секс од тие што се во брак – 59 пати годишно, пишува Сан.

Исто така, процентот на слободните луѓе генерално е зголемен. Американското истражување од 1986 година покажало дека 66 отсто возрасни во Америка живеат со партнер, но тој број до 2014 година паднал на 59 отсто.

Зошто луѓето кои се во врска имаат помалку секс, студијата не објаснува, но јасно е дека овие денови на луѓето им се достапни повеќе опции како Нетфликс, социјалните мрежи, па дури и секс кукли. Исто така, конзумацијата на порнографијата е во пораст.

„Дали луѓето се помалку среќни па имаат помалку секс, или поретко стапуваат во сексуални односи од порано па се помалку среќни? Веројатно од двете по малку. Но, се уште не сме сигурни на кој начин зачестеноста на сексот е поврзана со среќата во бракот” – заклучи Џин Твенџ, водечка авторка на истражувањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицаец јавно се посрамоти, имал секс со љубовницата во службениот автомобил

А1он

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

Истражувања: Германците имале подобар секс во време на пандемијата

Ана Ололовска