Кој е нобеловецот кого Новак Ѓоковиќ слепо го слуша кога станува збор за диета и исхрана?

Од:

Откако Новак Ѓоковиќ изјави дека не јаде по 16 часа дневно и дека се храни во преостанатите осум, многумина беа изненадени.

Станува збор за автофагија која е карактеристична по тоа дека не се јаде 16 часа на ден, а потоа во период од 8 саати се консумира храна. За некои ова е гладување, за други диета, а за трети станува збор за начин на исхрана.

Овој збор со необично значење за прв пат во науката ја употребил белгискиот биохеммичар Кристијан де Дуве пред повеќе од пола век.

Многу години поминале од ова откритие и долго време автофагијата во основа се сметала за „процес кога се одвива неспецифично разградување на клетките“.

Дури во 2016 година Јошинори Осуми, јапонски професор, научник и биолог, ја доби Нобеловата награда за медицина, за истражување на аутофагијата, клучен механизам за обнова на клетките и реакцијата на организмите на глад и инфекции.

Осуми е специјалист за автофагија и е професор на Институтот за технолошки иновативни истражувања во Токио. Тој открил 15 гени кои се клучни за автофагија.

Автофагијата е процес кога клетките се разградуваат и ги рециклираат своите компоненти и со тоа му обезбедуваат на телото енергија и поуспешен процес при обнова на ќелиите. Со автофагијата клетките ги отстрануваат оштетените протеини и органели и така го сузбиваат негативниот ефект од стареењето на организмот.

Овој феномен е познат одамна, но по истражувањата на Осуми и доказите дека овој механизам делува и во човековото тело, ги заинтригира луѓето ширум светот.

Како функционира автофагијата?

Сите карциноми почнуваат од оштетените клетки, а нашето тело би требало само да ги препознае и отстрани користејќи го токму процесот автофагија. Иако нема научни докази кои би го поткрепиле тоа, студиите го испитуваат овој сложен процес на препознавање и уништување болни ќелии во ткивото.

Придвижувањето на механизмот за „поправка“ придонесува за смалување на ризикот од рак. Генетичарите и биолозите веруваат дека новите истражувања и докази ќе дадат увид во тоа каде да ги насочат понатамошните експерименти и истражувања на автофагијата како терапија за болните од рак. Докторите со голем оптимизам гледаат на предностите на автофагијата во лекување на многу болести.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска