Кои третмани во бременоста не се препорачливи, а кои е забранети

Од:

Во овој мошне чувствителен период од животот не морате да се откажете од посетување на фризерски и козметички салони, но треба да се избегнуваат третмани, кои можат да ви наштетат и на вас и на здравјето на вашето бебе.

Поради влијанието на хормоните, кожата, косата и ноктите во бременоста стануваат поздрави и поубави. Меѓутоа, кај некои трудници кожата може да стане многу масна и чувствителна, поради што неопходен е дерматолог. Во секој случај, немојте да претерувате со козметичките третмани и разубавувањето за време на бременоста, бидејќи не заборавајте, вие веќе блескате!

Депилација

Депилацијата нема да предизвика никакви последици врз бременоста, но за жените, чија кожа станала чувствителна во бременоста, депилацијата може да биде поболна од порано. Лекарите советуваат дека при депилацијата треба да се избегнуваат хемиски препарати. Исто така бидете внимателни со кремите за избелување на влакната, најдобро би било целосно да ги исфрлите од употреба за време на бременоста и доењето.

Маникир

Во бременоста ноктите на жените им зајакнуват и побрзо им растат, така што основната нега е сосема доволна тие да изгледаат убаво. Ибегнувајте какви били видови на надградба на нокти, бидејќи дури и самиот мирис на хемикалиите, кои се користи во таквите третмани, може да ви предизвика мачнина.

Педикир

Педикирот е идеален третман за идните мајки, кои од стомакот не можат да си ги видат нозете. Негата на стапалата на тој начин ќе ви биде олеснета.

Нега на косата

На бремените жени не им се советува да ја фарбаат коса во првите 12 недели од бременоста, бидејќи тоа е најважен период во развојот на бебето, а хемиските средства од фарбата можат да имаат штетни дејствија. Можеби е најдобро да престанете со тој третман за време на бременоста и доењето или да се потрудите максимално да го продлжите периодот меѓу фарбањата.

Масажа

Масажата ќе го опушти вашето тело и ќе ве ослободи од тензијата и не може да ви наштети. Не треба да се оптоварувате со антицелулитната масажа за време на бременоста, бидејќи таа сепак е болна. Денес постојат масажи за бремени жени, кои претставуваат посебен третман прилагоден на индивидуалните потреби на секоја жена.

Недозволени третмани

Третманите како што се инјекции на ботокс, пирсинзи, тетовирање, избелување на забите и спа третмани, кои ја подигнуваат температурата на вашето тело се строго забранети во бременоста.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска