Британски научници од Универзитетот Ексетер, утврдиле дека присутноста на одредени токсини во организмот се менува во зависност од социоекономскиот статус.
Користејќи податоци на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), истражувачите утврдиле поврзаност на висината на приходите и концентрацијата на 18 од вкупно 179 анализирани токсини во организмот.
Утврдено е дека Американците со повисоки приходи имале поголема концетрација на жива, арсен, цезиум, талиум и перфлуорирани хемикалии (ПФЦ).
Наспроти тоа, лицата со послаб социоекономски статус имале поголема концетрација на олово, кадмиум, антимон и токсини со потекло од пластика.
Истражувачите ваквите анализи ги појаснуваат со разликите во прехранбените навики кои се поврзани со висината на приходот на испитаниците.
Исто така, кај учесниците во истражувањето со помали приходи почести биле токсините врзани со пушењето и изложеноста на нехигиена на работното место.