Кои се машките слаби точки?

Од:

Еве неколку проблеми кои влијаат на самодовербата на мажите

Влакнест грб
Некои мажи имаат сериозен проблем со самодовербата бидејќи се влакнести по целото тело, па дури и по грбот. Летниот период и одењето на плажа им се вистински кошмар затоа што најчесто посегнуваат по бричот или кремата за депилирање.

Пивско стомаче
Не мора да пиете за да добиете пивско стомаче. Впрочем некогаш не мора да правите ништо посебно за да го добиете бидејќи кај најголемиот дел од машката популација, пивското стомаче си доаѓа со годините. Накратко, тоа значи дека ако сакате да имате рамен стомак треба да се фрлите на вежбање и на одржување на телото.

Претерано потење
Без разлика дали станува збор за потење на рацете, челото или друг дел од телото мажите често имаат проблеми со потта. Уште ако истата им мириса лошо, тогаш проблемот е уште поголем.

Нерамнини на кожата
Најголемиот број од припадниците на посилниот пол мора да се бричат секој ден, што освен што е здодевно, предизвикува и нерамнини на кожата, исеченици и слични неправилности. Најдобриот начин за справување со оваа ситуација е пред бричењето кожата да се омекне со топла вода, а потоа да се нанесе дебел слој пена за бриење.

Опаѓање на косата
Според истражувањата болната вистина е дека повеќето момци губат значаен дел од својата коса до својата 35-та година. Ќелавоста започнува од предниот дел на челото и темето и продолжува да се шири по целата глава. Затоа се повеќе мажи во светот се во потрага по најразлични лосиони и шампони кои треба да им помогнат да ја задржат косата.

Враснати нокти
Жените уживаат да прават маникир и педикир, но тоа е вистинска реткост кај машката популација. Лошото и реткото сечење на ноктите многу често предизвикува болки, отоци и инфекции. Најчестата грешка е во сечењето на нокотот премногу кратко.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ