Кои се Интернет предатори и како да се заштитите од нив

Од:

Дали знаете што прави вашето дете на Интернет? Имајте на ум дека Интернетот може да биде мошне опасно место…

Кои се Интернет предаторите, кои се типичните модели на нивното однесување, како да ги научите децата да водат сметка за својата безбедност на Интернет и како да пријавите случаи на злоупотреба на деца за сексуални цели на Интернет?

Овој викенд во Белград беше одржана акцијата „Викенд за безбеден Интернет“ во рамките на која беа презентирани основите работи за заштита на вашето дето од опасностите, кои се појавуваат на светската мрежа.
 
Следуваат некои од советите:

– Разговарајте со децата, за тоа што прават на Интернет, кои сајтови ги посетуваат. Не им дозволувајте да талкаат. Отворената комунијација е првиот чекор за заштита од натамошни непријатности.
– Едуцирајте се, информирајте се за сите негативни страни на Интернетот, бидејќи тоа е половина од решението на секој проблем, со кој родителите или детето може да се сретнат при користењето на новите технологии. 
– Заедно воспоставете правила на однесување на Интернет и редовно проверувајте дали се придружувате кон нив. 
– Можеби вашите деца новите технологии ги користат подобро од вас, но вие и натаму сте во предност, бидејќи поседувате нешто многу повредно – животно искуство.
– Кога штетата ќе се случи, важно е и родителите и децата да знаат дека во 27 градови во Србија постојат претставници на полицијата посебно обучени за работа со деца, кои се жртви на врбување или сексуални злоупотреби на Интернет.
– Во случај да постојат експлицитни и други видови нелегален материјал, на располагање ви е „Нет патрола“, каде можете да пријавите онлајн материјал, кој содржи сексуална злоупотреба на малолетни лица, а нивните оператори можат да помогнат таквиот материјал да биде отстранет. Постои и апликација Нет патрола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска