Една научна студија објавена во списанието „Child Development“ во 2009 година покажала дека многу се поголеми шансите првородените деца да бидат конформисти, а второродените да бидат понезависни.
Следуваат карактеристиките на второродените деца:
– Тие се склони кон тоа да се споредуваат со другите, но и да се натпреваруваат. Ова се случува бидејќи најверојатно второродените деца секогаш имаат брат или сестра, со кои можат да се споредат, за разлика од првородените.
– Второродените деца често пати подобро умеат да комуницираат со луѓето.
– Второродените деца се понаклонети кон тоа да се потпираат на пријателите, наместо на семејството. Ова се случува можеби бидејќи понекогаш се чувствуваат дека родителите ги занемаруваат во корист на првото дете.
– Големи се шансите дека второроденото дете ќе биде лидер или претприемач. Винстон Черчил, Абрахам Линколн, Бил Гејтс и Доналд Трамп се второродени деца.