Кога телото почнува да старее?

Од:

Една студија спроведена на црви покажа дека адултните клетки почнуваат да пропаѓаат веќе со добивање на репродуктивната зрелост.

Научниците пронајдоа начин да го исклучат процесот на стареење кај еден вид црви, што еден ден, како што се верува, би можело да доведе до механизам за одложување на стареењето и кај луѓето.

Студијата спроведена на црви покажа дека адултните клетки почнуваат да пропаѓаат веќе со добивање на репродуктивна зрелост. Генетскиот прекинувач потоа овозможува почеток на стареењето со „исклучување“ на одредени процеси кои ги штитат келиите.

Ова откритие е значајно затоа што сите луѓе имаат ист генетски прекинувач и би можело да доведе до развој на лекови кои го одложуваат стареењето и одредени дегенеративни болести.

Извештајот објавен во стручното списание „Molecular Cell“ наведува дека е можно да се укаже на моментот кога почнува стареењето и тоа благодарение на црвот C. elegans. Овој црв има биохоемиско опркужување слично на човечкото, па истражувачите често го користат во проучување на дегенеративните болести поврзани за стареењето.

Научниците предводени од Ричард Моримот открија дека C. elegans почнува да старее само осум часа по стапување во повозрасна доба. Иако црвот нормално живеел, научниците можеа да видат јасна молекуларна промена по тој момент.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска