Кога мајката е среќна и детето е среќно

Од:

Децата во денешно време се посреќни кога нивните мајки се во квалитетни врски, но на среќата на децата многу не влијае и среќата на татковците, покажуваат резултатите од едно британско истражување.

Околу 60 отсто од децата изјавиле дека се целосно задоволни со нивната семејна ситуација, додека тој процент паднал на 55 отсто во домовите каде мајките биле незадоволни од своите врски со партнерот. Процентот на децата на мајките, кои се среќни во нивните врски, а кои се во групата целосно задоволни се зголеми на 73 отсто.

Рецепт за среќни деца е живот со двајца родители, немање помлади браќа и сестри, ретки конфликти со родителите, барем три заеднички семејни вечери неделно и мајка која е среќна со нејзиниот маж или партнер.

Интересно е дека двојките без деца се најсреќни, додека оние со деца од предучилишна возраст биле најмалку среќни. Сепак истражувањето објавено во списанието „Population and Development Review“ покажа дека децата ги прават родителите среќни подоцна, кога и самите ќе пораснат.

Кога станува збор за мажите, тие се најнесреќни кога се невработени.

– Сите овие заклучоци ги откриваат комплексните влијанија на односите во семејството врз детската среќа, изјави водачот на истражувањето, Марија Јаковоу.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска