Експертите наведуваат некои ситуации кои треба да им укажат на родителите дека треба да го одведат детето на психолог. Родителите треба да реагираат ако забележат дека:
– Бебето не ја гледа мајката за време на доењето или додека го храни со шише ниту на возраст до шест месеци;
– Бебето „оди кај секого“ иако има од седум до девет месеци;
– Напредувањето на детето се разликува од нивото на неговите врсници;
– Детето не реагира на одвојувањето од родителите при поаѓање во градинка;
– Носи пелени ноќе и по четвртата година;
– Често само се повредува, удира со глава во ѕид, ја гризи устата, си ја куби косата;
– Агресивно е кон другите деца;
– Детето покажува екстремна непослушност, неприфаќа авторитети.