Кога детето ќе проговори родителите стануваат практично преведувачи по цел ден

Од:

Кога детето ќе проговори го разбираат само родителите, а работите потоа се одиваат на следниот начин:

На почетокот вие сте единствена личност која го разбира нивното гугање, па практично сте преведувач по цел ден.

Ваше дете: „Гаагууга“.

Ваша мајка: „Не знам што сака“.

Вие: „И се спие и сака да ја покриеме со нејзиното омилено ќебенце“.

Сепак, постојат и ситуации кога дури ни вие не знаете зошто вашето дете гуга.

Детето: „Сакам зимбфт?“

Вие: „Што е тоа зимбфт?“

Дете: „Па знаеш она, зимбфт, сакам зимбфт!“

Секако, кога децата малку ќе го „одврзат“ јазикот, се случува да кажат пцовка, некој грд збор, а вие запрепрастено прашувате: „Не тие е срам, од кој тоа си го начул/ла?“ Сигурни сме дека тоа не сакате да го прашате, затоа што многу е веројатно дека го слушнале од вас, а вие не сте свесни за тоа.

Токму за тоа, ќе бидете многу внимателни во нивно присуство и непрекинато ќе размислувате да не ви излета некоја пцовка.

Кога децата ќе почнат да зборуваат, како по правило постои некое име во семејството кое не можат да го изговорат. Новиот надимак ќе му остане до крајот на животот, затоа што и вие ќе почнете така да го викате.

Набрзо децата ќе го извежбаат точниот одговор, но не се опуштајте, тоа значи дека некако чудно ќе ви се обратат во јавноста, во паркот на пример. Доколку чуствувате некој непријатен мирис, многу е можно да ве праша: „Мама дали тоа ти какала?“ или нешто слично.

Иако можеби некогаш ќе ве избламира додека учат да зборуваат, гарантираме дека ќе ви биде интересно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска