Научниците истражуваа кога малите деца престануваат да бидат неодоливи и кога престануваат во нас да ја будат желбата да ги штипкаме и бакнуваме. Зарем тоа воопшто е возможно?
Студијата на психолози од Кина и Канада (Универзитетот во Торонто) беше спроведена врз основа на интервјуата направени со група возрасни лица, во рамките на кои учесниците проценувале колку малите деца се слатки од периодот на бебиња до моментот кога наполниле шест години.
Резултатите покажаа дека луѓето помалите деца ги сметаат за поубави од поголемите деца, а се проценува дека малите деца престануват да бидат неодоливо послатки кога ќе наполнат четири и пол години.
Во тој период структурата на лицето на детето почнува да се менува. Малите деца на помала возраст имаат типични црти: голема глава, тркалезно лице, крупни очи, мал нос и усни и испапчено чело. Уште во претходните истражувања е утврдено е дека луѓето овие каракеристики ги сметаат за слатки, па не е чудно што впечатокот за неодоливост се намалува кога овие црти почнуваат да исчезнуваат.
Откако детето ќе ги изгуби овие карактеристики, веќе не изгледа толку „меко“ и не чувствуваме еднаква потреба да го заштитиме како порано, без оглед на тоа дали сме билошки поврзани со него.
Еволуциски, ова се објаснува со момент кога детето ќе научи да се заштити самото себе. Во прилог на тоа е и фактот дека поранешните истражувања покажале дека децата со мал нос, рамно чело и коцкаст облик на лицето не добиваат едакво внимание како и децата со типично „бебешки“ каракетеристики на лицето.