Кога бебињата почнуваат да учат да зборуваат?

Од:

Бебињата почнуваат да учат да зборуваат уште од втората недела од животот. Пред да го изговорат првиот збор, тие се зафатени со вежбање на звуците, со што го совладуваат говорот.

Дали вашето бебе се смешка, дрдори и испушта звуци кога му се обраќате? И погодете кому сето тоа му е упатено? Тоа ви гуга вам, на мајката!

Некаде меѓу втората недела и вториот месец вашето бебе ќе почне да произведува звуци, ќе почне да експериментира со звуците на својот глас и да истражува се што неговите уста, јазик и грло можат да произведат. Тоа може да произведува навидум случајни звуци, но набргу ќе забележите дека овие звуци се насочени кон публиката, кон вас, омилената кадифена играчка или дури кон сопствениот одраз во огледалото.

Во следните неколку недели вашето бебе ќе почне и да се смее, да вреска и да испушта неколку согласки. Еве како изгледа развојот на говорот кај вашето бебе:

Од шесттата недела до третиот месец бебето почнува да произведува самогласки и да гуга. По третиот месец ќе се смее на глас. До втората половина од четвртиот месец ќе квичи и ќе произведува по некој согласник (га-ба-да). До шестиот месец еднолично ќе пее серија од согласки (да-да-да-да). До осмиот месец ќе произведува слогови (да-да, ба-ба, ма-ма). Меѓу десеттиот и 14-от месец бебето ќе го изговори првиот вистински збор.

Доколку кај вашето бебе говорот не се развива со ова темпо, на пример доколку почне да изговара согласки дури по осмиот месец немојте да бидете загрижени, но доколку вашето дете константно заостанува и покрај вашите напори или има проблеми да реагира кога го изговарате неговото име консултирајте се со педијатар. Можеби е неоходно да го испитате неговиот слух или да направите некој друг тест.

Вербалните способности на бебето во секој случај најбрзо ќе се развиваат доколку направите свесен напор за да разговарате со него, дури и кога станува збор за штотуку родено бебе, иако можеби ќе ви изгледа дека разговарате сами со себе. Така на пример, ако го водите вашето бебе кај своите родители можете да му објасните каде одите. Ваквото обраќање ќе ви помогне да стекнете навика на обраќање на бебето, дури и доколку тоа не може да ве разбере.

Кога разговарате со бебето не заборавајте да му дадете шанса да ви одговори, дури и доколку се што тоа може да стори е да се насмее, да гуга или да воздивне.

Истражувањата покажуваат дека децата, чии родители зборуваат со нив, наместо нив, порано учат да зборуваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска