Кофеинот го блокира развојот на мозокот во адолесценцијата

Од:

Газираните пијалаци полни со кофеин го спречуваат правилниот развој на мозокот кај децата, предупредуваат научниците.

Тие веруваат дека кофеинот влијае на развојот на мозокот во текот на адолесценцијата.

Тој период на развој е клучен за мозокот, а проблемите во овој период може да доведат до шизофренија, анксиозност и пореметување на однесувањето.

Истражувачите експериментирале врз глувци, но велат дека слично веројатно се однесува на децата и на тинејџерите.

Меѓу 300 и 400 мг кофеин – односно четири лименки енергетски пијалак дневно, т.е. три или четири големи филџани кафе, се количина која влијае на мозокот, укажува студијата.

Професорот Рето Хабер од Универзитетската детска болница во Цирих вели дека промените се случуваат главно во текот на сонот.

– Клучните синапси се издолжуваат, а останатите се скратуваат, што ја прави мрежата поефикасна и помоќна, вели тој.

Уште една неодамнешна студија покажа дека слатките газирани пијалаци децата ги прават насилни и деконцентрирани.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска