Денешните книги содржат многу помалку емоции отколку оние печатените пред стотина години, тврдат научниците.
Тие истражувале колку често, во книгите издавани од 1900 до 2000 година, се појавуваат зборови поврзани за нашите емоции како што се бес, гадење, страв, радост, тага, изненадување….
Како што рече водачот на истражувањето Алберто Ацерби од Универзитетот Бристол, книгата печатена во почетокот на 20-от век има 14 отсто повеќе емотивна содржина отколку онаа стотина години после.
– Книгата од 1900 година е 1,4 пати поемотивна отколку онаа од 2000 година. Тоа значи дека ако пред 100 години имала 1.000 зборови поврзани со емоциите, денес ги има 877“, рече Ацерби, јави „Дејли Мејл“.
Научниците сметаат дека тоа е затоа што луѓето денес се несигурни кога се во прашање покажување на чуствата.
– Луѓето се плашат да не испаднат смешни, па во модерните книги има многу помалку страст, велат научнците. Особено емотивни биле делата напишани после Првата светска војна и 60-тите години од минатиот век.
– Се изненадивме кога увидовме дека позитивните емоции се поврзани со историските случувања. Втората светска војна, на пример, ги одбележа зборовите кои се однесуваат на тагата, рече Ацерби.
Студијата, исто така, забележа зголемена појава на проблеми и параноја во модерната книжевност.