Книгите како антидепресиви

Од:

Британските лекари на пациентите кои страдаат од помали психолошки нарушувања наскоро ќе можат, наместо лекови, да им препорачуваат книги за кои се смета дека имаат позитивно терапевтско дејство.

Весникот „Дејли телеграф“ пишува дека од следниот мај пациентите кои страдаат од депресија или анксиозност ќе можат во библиотеките „на рецепт“ да изнајмуваат книги за кои лекарите ги сметаат дека имаат позитивно дејство врз психата и го подобруваат расположението.

Секоја книга е ефикасна, смета невладината организација „Читателска агенција“, која ја започна оваа иницијатива со задача да им помогне на луѓето со психолошки пречки да станат посамоуверени и попозитивни.

Така, во иднина, пред препишувањето на било каков лек, лекарите на своите пациенти ќе им советуваат да прочитаат некоја книга од изборот на „Читателската агенција“.

Новиот третман, наречен „библиотерапија“, наводно ефикасно ги лекува поблагите видови на анксиозност и депресија, стрес, булимија, несоница и некои проблеми на двојките.

На листата на „терапевтски“ книги се наоѓаат главно наслови кои се однесуваат на личниот развој, како што е книгата „Како да ги победите сопствените стравови“, но и ромнани како „Дневникот на Бриџит Џонс“.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска