Кино-премиера на Нинџа желките „Out of the Shadows“, ФХ3Х работеа на ефектите

Од:

Филмот Тинејџ Мјутант Нинџа Тартлс, кој е продолжението на хитот од 2014 година, насловен  „Out of the Shadows“, на чии ефекти работеше македонската компанија за визуелни ефекти и анимација ФХ3Х, вечерва премиерно ќе биде прикажан во Скопје.

ФХ3Х информираат дека на овој проект работеле во соработка со најреномираното студио за визуелни ефекти во индустријата, Индастриал Лајт & Mеџик, нивни долгогодишни соработници, во периодот од јануари до крајот на април оваа година со тим од преку 120 артисти за визуелни ефекти.

– Филмот ветува добра забава и е окарактеризиран како најдобар филм со Нинџа желките од нивното прво појавување во 1990 година, забавен и за 30 – годишните фанови и за деца кои уживаат во анимирани филмови и се идните фанови на овие симпатични мутанти, најавуваат од ФХ3Х.

Во ова продолжение, Нинџа желките Донатело, Рафаело, Микеланџело и Леонардо влегуваат во конфликт со лудиот научник Dr. Baxter Stockman и нивниот непријател The Schredder, кои го изнајмиле Stockman да креира негови мутанти во форма на Bebop и Rocksteady за да се одмаздат. Во меѓувреме, нинџа желките откриваат дека постои ретро – мутаген со кој можат да се вратат во оригиналното човечко издание. За да биде динамиката и возбудата на ниво, паралелно со сето ова се случува и напад на Њујорк од страна на вонземјани предводен од Кранг. За да го одбранат градот од инвазијата, желките се здружуваат со нивниот господар Сплинтер и нивните пријатели April ONeal, Vern Fenwick и Casey Jones.

Филмот – продукција на Парамоунт Пикчрс и Никелодеон Мувис е во режија на Дејв Грин според сценариото на Џош Еплбаум и Андре Немек.

Во главните улоги настапуваат Меган Фокс, Стивен Амиел, Вил Арнет, Тајлер Пери и супермоделот Алесандра Амбросио.

Премиерата на филмот е вечер во 20 часот во киното „Синеплекс“.

Би можело да ве интересира

ФХ3Х во третата сезона на Star Trek Discovery

Ана Ололовска

Меѓу номинираните за Оскар за визуелни ефекти повторно филм на кој работеше FX3X

Наум Локоски

ФХ3Х учествуваше во ефектите на шест од 20 филма во трка за номинација за Оскар, утре премиера на Аквамен

Ана Ололовска

Премиера на „Мег“ – ајкулата чудовиште, ФХ3Х дел од ефектите

Ана Ололовска

Премиера на „Одмаздници: Војна на Бесконечноста“, ФХ3Х работеа на ефектите

Ана Ололовска

Премиера на „Томб Раидер“ со Викандер, ФХ3Х учествуваа во ефектите

Ана Ололовска