Кинескиот мобилен гигант има амбиции да го престигне „Google Play Store“

Од:

Кинеските компании „Xiaomi“, „Huawei“, „Oppo“ и „Vivo“ ги соединуваат своите сили со цел да креираат платформа за информатичари надвор од Кина за да прикачуваат апликации на нивната онлајн продавница.

Информатичарите сметаат дека ова е потег за да се предизвика гигантот „Google Play store“ да добие свој конкурент на пазарот и да се симне од доминантната позиција, јавува Ројтерс.

На новата платформа, креаторите планираат да ги понудат услугите како „Google Play store“ т.е да понудат видео игри, музика, филмови и други апликации кои ќе се најдат во нивната онлајн продавница.

Платформата се очекува да биде пуштена во месец Март.

Веб страната од новата платформа треба да покрие девет региони вклучувајќи ја Индија, Индонезија и Русија.

 

 

Би можело да ве интересира

Федерална комисија на САД укина одобрување за нова опема од „Хуавеи“ и од „ЗТЕ“

Ана Ололовска

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска