Кинески универзитет го забрани Божик како „кич“ странска прослава

Од:

Универзитет од северозапада Кина побара забрана на Божик, нарачувајќи го „кич“ странска прослава што не е од никаква корист за традициите на нивната држава.

Колеџот за мода во Северозападниот универзитет околу кампусот стави банери на кои пишува: „Стремете се да бидете угледни синови и ќерки на Кина, спротивставте му се на кичиот на западните празници“ и „Спротивставете се на експанзијата на западната култура“.

Студентите за локалниот весник изјавиле дека можат да бидат  казнети доколку не присуствуваат на повеќечасовните проекции на пропагандните филмови.

Официјален микроблог, што му припаѓа на еден од универзитетските комитети на Комунистичката партија, ги повика студентите да не се поистоветуваат со странците и повеќе внимание да им посветат на кинеските празници, како што е Пролетниот фестивал.

Божик традиционално не се прославува во официјално атеистичката Кина, но станува се попопуларен, особено во големите градови каде младите луѓе овој ден го обележуваат со размена на подароци и украсување на домовите по урнекот на Запад.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе имаме напредок и прогрес во секој план

Горан Наумовски

Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество

Мицкоски: Божик нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг

„Влен“: Празнициве се потсетник дека нашата земја е најсилна, кога сите заедници живеат во хармонија