Кинескиот научник Хе Јианкуи стана глобално познат како прв научник што примени генетски инженеринг на ембриони – тој измени геном на близнци со помош на алатката CRISPR за да спречи да заболат од ХИВ. Кога беше објавена веста, (научниот) свет беше згрозен затоа што менувањето на геномот како што велат научниците е влегување на непозната територија, а веќе се покажа дека со промена на геномите на близнаци може да се зголемат нивните когнитивни функции, но може и да се скратат нивните животи.
Оваа недела беа објавени нови информации за плановите на контроверзниот научник, што е прилично шокантно, пишува „Зима“.
Имено, Јианкуи планираше да основа компанија за дизајнирање бебиња, односно клиника за генетски модифицирани бебиња, како и започнување здравствен туризам во Кина или Тајланд за привлекување на богати луѓе од други земји кои сакаат генетски модифицирани деца.
Во текот на изминатата година, тој разговараше со потенцијалните партнери и инвеститори за започнување компанија каде промените во геномот на ембрионот ќе оневозможат децата односно луѓето да се заразат со ХИВ во иднина, би се спречиле срцеви напади и многу други здравствени проблеми.
Сепак, Јианкуи ги напуштил тие планови откако бил нападнат од јавноста и научниците, па дури и завршил под куќен притвор.