Кина: На испити забрането да се носат градници

Од:

Образовните власти во Кина смислиле нова тактика во борбата против препишување во текот на испитите – забрането е во училницата да се носат градници.

Пред испитите, наречени „гакао“ во училиштата во провинцијата Јулин е забрането е внесување на каков било метален или предмет за облекување кој би можел да ги активира детекторите поставени во просториите за испитување.

Според наводите на локалните медиуми, мерката е обид за спречување на сите дрски и софистицирани уреди кои учениците ги користат при полагањето испити.

– Оваа година во Јулин ќе биде најстрога проверката при влезот во училницата во историјата, наведува кинеската новинска агенција „Синхуа“.

Во писмото испратено до родителите на учениците се наведени деталите за новите мерки.

– По влегувањето на ученикот и персоналот на местото на испитувањето, нивните облеки, торби, чевли, шапки и други работи ќе ги прегледуваат професионалци и ќе им биде одобрено влегување само ако не се огласи алармот. Поради тоа, секој предмет кој содржи метал може да ги активира детекторите и поради тоа се забранети за кандидатите, се наведува во писмото.

„Синхуа“ наведува дека се забранети градници со метални делови, додека учениците со метални пломби или имплантанти мораат да имаат потврда од лекар.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио