Кевин Спејси како Фрањо Туѓман – преговорите се во тек

Од:

Познатиот холивудски актер Кевин Спејси вчера допатува во Загреб во посета на познатиот режисер Јаков Седлар.

Според хрватските медиуми, режисерот се подготвува да снима филм за првиот хрватски претседател д-р Фрањо Туѓман, а во него треба да глуми Спејси.

Наводно, Спејси треба да го толкува ликот на претседателот Туѓман.

Пред неколку дена Седлар потврди дека преговорите со познатиот актер се во тек. Така, тој на 29 декември замина во Париз, каде што почнаа преговори, а вчера Спејси пристигна во Загреб каде треба да остане извесно време. Меѓутоа, се уште не е официјално потврдено дека Седлар и Спејси постигнале договор за снимање на филмот.

Сите детали се уште се чуваат во тајност, а ниту режисерот Седлар не сака да зборува премногу за проектот.

– Одиме полека, преговараме и тоа е се, изјави Седлар за „Јутарњи лист“.

Познато е дека режисерот со години кажува дека сака да сними филм за ликот и делото на Фрањо Туѓман, со оглед на тоа што во Хрватска не е снимен ниту еден игран филм кој на тој начин би го прикажал првиот хрватски претседател.

Спејси ја играше улогата на Френк Андервуд, во серијата „House of Cards“, политичар кој не се плаши од ништо за да напредува во американската политика. Меѓутоа, неговото присуство во серијата беше нагло прекинато поради скандали поврзани со сексуално злоставување на помлади мажи.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска