„Текен“ е франшиза боречки видео игри која својата најголема популарност ја стекна на Далечниот Исток, така што во Јапонија сега се подготвува и верзија за на компјутер, што треба да се појави на 2 јуни.
Меѓутоа, од новото, седмо продолжение ќе биде исфрлен кенгурот.
– Кенгурот Роџер Јуниор ќе биде исфрлен од оваа верзија игра, а и сите идни верзии „Текен“, поради големиот притисок од групите за заштита на правата на животните, изјави извршниот продуцент на играта, Кацухиро Харада.
Оваа одлука е донесена по реакција на интернационалната организација за заштита на животните, ПЕТА.