Келн – „престолнина“ на германските карневали

Од:

Во Келн, „престолнината“ на карневалскиот живот во Германија, во понеделникот, на „чист понеделник“ паѓаа бомбони од небото, а по земјата шетаа маски на политичари, а меѓу нив и розе „гица“, со ликот на канцеларката Ангела Меркел.

Низ воздухот се ширеше музика и лебдеа „духови“ на доброто расположение на „петото годишно време“, како што долж Рајна популарно се нарекува ова време на карневалите.

keln-01

Келн, во кој првиот „Rosenmontagszug“ бил оддржан во 1823 година, во понедeлникот го славеше почетокот на Велигденскиот пост и завршницата на карневалот на 48 дена пред Великден, а околу 7,5 километри долгиот „воз“ со 150 вагони, 12.000 учесници, 120 музички групи и околу 500 коњи, беше и најдолгиот и најголемиот и најшарениот во Германија, велат вљубениците во „петото годишно време“.

keln-02

На улиците на градот на катедралите, во ритмот на музиката, луѓето се забавуваа, а можеа да се видат маски од неколклу десетици до неколку стотици евра, убави мажореткињи, храбри каубојци и страшни пирати, но и бубамари и бебиња со „цуцли“ од шишиња пиво.

Слично беше и во Диселдорф и во Мајнц, како и во другите германски градови.

Во Келн имаше карневалска музика, врева, забава, веселби, но и тажни кловнови и Индијанаци и римски воини и ангели и ѓаволи и „надарени“ медицински сестри.

keln-03

Во овој град на катедрали и 2.000 години долга историја, „шопинг метропола за сечиј вкус“, град со повеќе од 40 музеји и околу 3.300 кафеани, во понеделникот секој се забавуваше на свој начин.

На ладното време и, во денот кога многумина не работат, се собраа „ реки од луѓе“ да уживаат во убавината на карневалот и на повеќе од сеедум километри долгиот „воз “.

keln-04

Вредните статистичари пресметаа дека на годинешниот „Rosenmontagszug“ биле фрлени тони и тони слатки, чоколади, пралини, цвеќе, кадифени играчки, топчиња и други подароци.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите