Кејти Пери и Орландо Блум повторно заедно?

Од:

Пејачката Кејти Пери и актерот Орландо Блум беа во врска 10 месеци, која заврши на почетокот на оваа година.

Меѓутоа, изминатиов викенд тие биле видени заедно на концертот на Ед Ширан во Лос Анџелес, каде според очевидци „си разменувале нежни допири“.

Неколкумина обожаватели успеале да ги фотографираат Кејти и Орландо и овие фотографии набрзо се проширија низ социјалните мрежи, по што почнаа да се јавуваат и претпоставки дека тие се повторно заедно.

Засега нема реакција од страна на Пери и Блум на ваквите претпоставки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Орландо Блум се сретна со Зеленски: Твојот пораз ќе биде пораз на надежта, затоа мора да победиш

ВИДЕО: Стигна нов предизвик на социјалните мрежи, го покрена позната пејачка

Ана Ололовска

Орландо Блум најде замена за Кејти Пери

Ана Ололовска

ФОТО: Кети Пери дизајнираше челви за Хилари Клинтон

Наум Локоски

(ВИДЕО) Орландо Блум целосно гол на плажа во Италија

Предраг Петровиќ