Кантарионот се зема во облик на тоник, чај, масло или тинктура, а во поново време може да се најде и во облик на капсули, кои влијаат на расположението и подобрување на емоционалната рамнотежа.
Во народната медицина оваа билка има посебна вредност во лекување исеченици, изгореници, хемороиди, а одлична е и за зараснување рани. Кожните промени се лекуваат така што на нив се мачка масло од кантарион, или повреденото место се обложува со чиста газа или чисто платно натопено со кантарион.
Исклучително е ефикасен и за јакнење на косата, како и за регенерација на косата оштетена со бојадисување.
Чајот од кантарион се пие три пати на ден против гастрит, чир на желудникот, дијареа, жолтица, главоболка, бубрежни и менструални тегоби.
Во народната, но и во современата медицина, кантарионот, жалфијата, камилицата и ајдучката трева се сметаат за ефикасни во лекување на одделни сексуално преносливи болести.