Канцерот им се заканува на Латинска Америка и на Карибите

Од:

Канцерот се заканува да ги зафати земјите од Латинска Америка и Карибите, предупредуваат здравствени експерти во најновиот број на специјализираното списание „Лансет-онколоџи“.

Истражувањето кое е спроведено покажува дека во овие земји има помалку случаи на заболени од рак, отколку во САД и Европа, но процентот на починатите од оваа тешка болест во латинско американскиот регион и во карибискиот реон е многу поголем од оној во САД или во европските земји.

Причина за ваквата диспропорција се задоцнетото откривање на болеста, како и послабите можности за лекување на ракот. Бразилски експерти кои ја испитувале оваа ситуација заклучиле дека луѓето од Латинска Америка и од Карибите, поголемиот дел од животот го минуваат седејќи, јадат повеќе нездрава храна, пушат и пијат повеќе алкохол од луѓето во САД и Европа.

Како причина за зголемената закана од ракот за Латиноамериканците, експертите ги наведуваат и многу поголемата изложеност на сонце и животот во услови на внатрешна загаденост поради нездравиот начин на користење на лоша енергија за приготвување храна и за загревање на станбените простории.

Во Латинска Америка има 163 случаи на заболени од рак на 100 илјади луѓе, додека во САД дури 300 случаи. Во САД има 13 починати на 37 случаи на рак, во Латинска Америка 13 смртни случаи на само 22 болни пациента.

Експертите предупредуваат дека во 2030 година ќе има над 1,7 милиони заболени од рак, додека на Карибите, кои се помалку населени, еден милион луѓе заболени од оваа болест.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска