Камерон не знае колку чини лебот, затоа што сам го меси

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон вчера призна дека не знае колку чини лебот, затоа што сам го меси и пече.

Британските политичари редовно ги прашуваат за цените за да се провери дали знаат како живеат нивните сограѓани.

Камерон, кој се школувал во елитниот колеџ Итон и на Универзитетот Оксфорд, изјави дека не купува леб, затоа што користи домашна машина за месење и печење, а брашното го купува од воденица во својот изборен округ, во југот на Англија.

– Го ставате брашното во машината за леб, го местите тајмерот за да се вклучи машината во текот на ноќта и кога ќе се разбудите, преубав мирис се шири од кујната. Потребно е само 30 секунди да ставите состојки во машината, изјави премиерот за лондонското Радио LBC. Тој додаде дека неговите три деца го „обожуваат неговиот домашен леб“.

Водителот на радио-програмата сепак го информираше премиерот дека лебот во продавница чини 47 пени (0,56 евра).

Пред Камерон, конзервативниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, исто така поранешен ученик на Итон и Оксфорд, призна за радиото дека не ја знае цената на млекото.

Кога му било кажано дека млекото чини половина помалку отколку што тој проценил, Џонсон рече: – Ете, јас не ја знам цената на млекото, па што?

Потпретседателот на опозицијата, Лабуристичката партија, Мајкл Дагер за истото радио изјави дека премиерот „нема врска со реалноста“.

– Единствено изненадување беше што рече дека има машина за печење леб. Поголемиот дел од луѓето би претпоставиле дека тој има барем фурна, а не само таа машина, рече тој.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца