Калиопи не се пласира во финалето на Евросонг

Од:

Калиопи не успеа да се пласира во финалето на годинашното 61. издание на Евровизија што се одржува во Стокхолм, Шведска.

Таа настапи како осма во втората полуфинална вечер што се одржа синоќа, но не влезе меѓу десетте кои изборија пласман во финалето.

Калиопи се претстави со песната „Дона“ која ја компонираше Ромео Грил.

Ова беше вторпат Калиопи да ја претставува Македонија на Евровизија откако во 2012-та година со песната „Црно и бело“ успеа да се пласира во финалето.

Финалето ќе се одржи во сабота, а покрај „големата петорка“ ќе настапат и најдобрите 20 претставници од двете полуфинални вечери. Од првата полуфинална вечер пласман во финалето изборија претставниците на Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта, а од втората полуфинална вечер се пласираа Летонија, Грузија, Бугарија, Австралија, Украина, Србија, Полска, Израел, Литванија и Белгија.

Шведска по шести пат е домаќин на „Евросонг“.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија