Научниците Мичел Мофит и Грег Браун од Торонто ja претставија својата теорија дека расоредот на раѓање, односно дали детето е единец, најстаро, средно или најмладо во семејството влијае врз неговиот карактер.
Најстари деца
Според тврдењето на Мофит и Браун првите деца се амбициозни и од нив се очекуваат големи академски достигнувања. Генерално се поодговорни и позрели од помладите браќа и сестри. Според научниците тоа е така бидејќи родителите поголемо внимание посветуваат на првото дете и имаат големи очекувања за него, а детето се труди да не ги разочара.
Средни деца
Имаат смисла за соработка, прилагодливи се и друштвени повеќе од постарите браќа или сестри. Родителите имаат помали очекувања за овие деца, па тие се помалку амбициозни и имаат понеодговорен пристап кон животот.
Најмлади деца
Најмладите деца главно се симпатични и шармантни. Покреативни се од постарите браќа и сестри и имаат поголема самодоверба. Родителските правила се помалку стриктни за најмладите деца поради што тие се понеодговорни и чекаат некој друг да ги води.
Единци
Децата кои немаат браќа или сестри главно се креативни и многу снаодливи. Исто така се зрели и одговорни, сакаат да ги контролираат работите и не сакаат неред. Тие немаат потреба да се борат за вниманието на родителите.