Повеќето деца во детсвото и младоста се колнат дека нема да станат како нивните родители, сепак кога ќе станат родители тој план некако паѓа во вода. Зошто тоа се случува?
Лиз Ленз, мајка на две деца, за „Гардијан“, раскажа дека со желба да ја смири нејзината ќерка која непрекината го удирала со пелени нејзиниот брат стар само една и пол година имала чувство дека од неа прозборела нејзината мајка. За разлика од нејзината мајка која била домаќинка, Лиза сакала да биде адвокат, но пред кариерата да стапи на сцена станала мајка и се посветила на мајчинството. Иако не се откажала од учењето таа вели дека начинот на кој се однесува се повеќе ја потсетува на нејзината мајка.
Доктор Џеролд Шапиро, клинички психијатар, потврди дека ова е чест случај. Во процеост на примарната социјализација сите облици на однесување ги усвојување токму од нашите родители. Шапиро истакнува дека неговите деца неколку пати му нагласиле дека некои негови постапки потсетуваат на неговиот татко, нивниот дедо.
– Во тој момент сватив колку влијание имаат нашите родители на нашето однесување, рече Шапиро,
Препознавањето на нашите родители во нас, некогаш може да предизвика мир или целосно спротивен ефект. Докторката, Стефани Сасипи вели дека без разлика на тоа каков однос имаме кон родителите во сегашниот момент, треба да се има предид дека тие се нашата прва вистинска љубов. Сасипио тврди дека луѓето кои ги сакаме и кои не сакаат нас претставуваат интегрален дел од нашата личност.
Докторката Сузан Џоунс изјави дека ефектот на мимикрија е многу специфичен за најраното детство. Децата на возраст од две години на сите начини се обидуваат да се вклопат во светот на возрасните. Ги имитираат во зборувањето, извршување на дневните рутински работи (кујната, миење садови, готвење ручек), во возење автомобил. Јазикот, културните норми и практичните вештини кои децата ги воочуваат и имитираат стануваат составен дел од нив во зрелата возраст.
Џоунс потсетува дека ние несвесно ги имитираме луѓето на кои им се восхитуваме или стручно речено ги учиме социјалните вештини.
Врските кои се остваруваат во најраното детство не се раскинуваат лесно. Лиз Ленз изјави дека нејзината ќерка ја имитира неа, така што седнува на компјутер и вика: „дајте ми уште пет минути, ве молам луѓе. Само уште пет минути“.